/ Прочитано:

1.184

Повторно е одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по несогласноста на судијата на претходна постапка, во врска со барањето за привремено одземање на имот поднесено од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на затворена седница одржана на 27.5.2017 година во согласност со чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, се вели во денешното соопштение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека повторно е одбиено барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението Основниот суд наведува дека во врска со барањето на СЈО за привремено одземање на имот, на седница одржана во саботата, односно на 27 мај е донесено решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка и од страна на судот не била определена предложената привремена мерка – забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по несогласноста на судијата на претходна постапка, во врска со барањето за привремено одземање на имот поднесено од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на затворена седница одржана на 27.5.2017 година во согласност со чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, се вели во денешното соопштение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

СЈО бараше замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кој се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин, меѓу кој и седиштето на партијата во Скопје, откако на прес-конференција објави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и други високи партиски функционери се осомничени за перење пари и нелегално финансирање на партијата во истрагата „Талир“.

А. Б.