/ Прочитано:

1.159

Пратеник кој е правосилно осуден на казна затвор подолга од 6 месеци да го изгуби правото на плата

Група пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа измени на Законот за пратениците, по скратена постапка. Со измените се додава нов член со кој се уредува губењето на правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од 6 (шест) месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, се предлага во измените.

М.В