/ Прочитано:

1.990

Пратеници предлагаат измени на Законот за животната средина

Група пратеници во Собранието на РМ предлагаат измени Законот за животната средина. Со измените, посочуваат пратениците, ќе се уредат надлежностите на градоначалникот на општината, Градот Скопје и градоначалникот на општините во Градот Скопје за забрана на активностите на загадување, за санација на штетните последици и за надоместокот од загадувачот на причинетите штети од загадување на животната средина.

Со измените, образложуваат пратениците, ќе се допрецизираат одредбите со кои е уреден составот на телото надлежно за спроведување на локалниот акционен еколошки план, раководено од градоначалникот на општините и Градот Скопје и ќе се дефинираат локалните мрежи на мониторинг, ќе им се уреди законската обврска за водење на катастар на загадувачи и катастар на животна средина, и обврската за изготвување, односно давање на извештај за состојбите на животна средина, како и соработката со правните лица кои вршат интерен мониторинг.

Со Предлог-законот ќе се дефинираат локалните мрежи на мониторинг, на општините и Градот Скопје ќе им  се даде законска обврска за водење на катастар на загадувачи и катастар на животна средина, и обврска за изготвување, односно давање извештај за состојбите на животна средина, како и соработката со правните лица кои вршат интерен мониторинг.

Со новите законски измени и дополнувања мислењата што ги даваат органите на општината и Градот Скопје во постапката за донесување на решенија за согласност на студијата за оцена за влијанието на проектите врз животната средина и А-интегрираните еколошки дозволи се задолжителни, а со тоа и обврска на носителот на А-интегрираната еколошка дозвола е да ги известува градоначалниците на општините и Градот Скопје за нејзино спроведување.

Со предложениот закон ќе се уредат и правото и обврската на локалните органи за мониторинг на животната средина да контролираат и да пријавуваат прекршување на граничните вредности на емисии во А-интегрираните еколошки дозволи како услов за одземање на дозволата, утврдено со правосилни решенија на Државниот инспекторат за животна средина и обезбедување на финансирање на локалните мрежи на мониторинг.

М.В