/ Прочитано:

3.064

Правен факултет „Јустинијан Први“: Конкурс за студент кој дипломирал со најдобар успех во 2016/17 година

Правниот факултет „Јустинијан Први“ објавува конкурс за студент/-ка кој/-а дипломирал/-а со најдобар успех во 2016/2017 година.

Се повикуваат студентите кои дипломирале во учебната 2016/2017 година со просечна оценка не помала од 9,00 да се јават на студентски прашања заради определување на најдобар студент за таа година.

Условите кои треба да се исполнат се следните:

  • Завршување на студиите од прв циклус во роковите определени за исполнување на сите обврски за студиската програма во рок не подолг од 6 месеци од завршувањето на учебната година (на 14.9.2017)
  • Стекнати 180 ЕКТС кредити
  • Просечната оценка да не е помала од 9,00.

Студентите што ги исполнуваат овие услови да го пополнат образецот во прилог и да го достават во службата за студентски прашања најдоцна до 2.3.2018. ТУКА