/ Прочитано:

3.689

Правецот на движење на адвокатската кариера – комбинација на личниот карактер и професионализмот

Од њујоршката компанија која се занимава со управување со недвижнини наменети за адвокати и со работа на правни анализи (Law Firm Suits) даваат неколку совети како адвокатот да ја одбере правилната област во која успешно ќе дејствува доколку се определил за самостојно вршење на адвокатурата. Прво што советуваат од компанијата е да се одлучите дали повеќе сакате да работите судски предмети (на пр. парнична, кривична постапка итн.) или претпочитате канцелариска работа со поголемо насочување кон консалтингот. Клучни за ова, пред сè, се вашата личност и вашиот карактер во однос на тоа дали повеќе сакате да водите расправии, да изнесувате аргументи во судот и да се борите, или повеќе сакате удобна и мирна атмосфера во вашата канцеларија.

Адвокат во библиотека

Адвокатурата е дејност што опфаќа голем број области. Најчесто адвокатите се определуваат за одредени области во кои ќе работат и ќе се специјализираат за работа во нив. Според економистите, пазарната ниша се користи за опишување на одредени активности насочени кон некоја група или област, или кон дел од пазарот кој на некој начин има посебни карактеристики и специфичности. Таа претставува процес или стратегија на избор на еден дел од пазарот со посебни специфики и карактеристики, кој се смета дека е профитабилен, но за кој потребите не се доволно задоволени.

Од њујоршката компанија која се занимава со управување со недвижнини наменети за адвокати и со работа на правни анализи (Law Firm Suits) даваат неколку совети како адвокатот да ја одбере правилната област во која успешно ќе дејствува доколку се определил за самостојно вршење на адвокатурата.

Прво што советуваат од компанијата е да се одлучите дали повеќе сакате да работите судски предмети (на пр. парнична, кривична постапка итн.) или претпочитате канцелариска работа со поголемо насочување кон консалтингот. Клучни за ова, пред сè, се вашата личност и вашиот карактер во однос на тоа дали повеќе сакате да водите расправии, да изнесувате аргументи во судот и да се борите, или повеќе сакате удобна и мирна атмосфера во вашата канцеларија. Определувањето за работа по институциите или за работа во канцеларија ќе ја одреди вашата долгорочна цел во адвокатурата, што е можеби клучно за целата ваша кариера.

На второ место по карактерот се споменуваат парите. Професорот по психологија на Универзитетот „Мисури“ Кенон Шелдон и професорот по право на Универзитетот „Флорида“ Лоренс Кригер направиле истражување кое покажало дека најсреќните адвокати не се оние кои се најмногу платени. Во нивното истражување биле вклучени околу 8 000 адвокати, членови на 4 адвокатски комори од 4 различни држави во САД, кои анонимно одговарале на неколку прашања. Од анализата се утврдило дека повеќето од нив се согласиле дека адвокатите кои биле најдобри во текот на студирањето и кои како адвокати заработуваат многу пари биле помалку среќни за разлика од просечно платените адвокати.

Контролата врз личниот живот е следната работа која треба да се комбинира со адвокатурата. Тука треба да се биде претпазлив за да не се случи уште на почетокот на работата како адвокат целата енергија да се насочи кон тоа, а да се запостави личниот живот и семејството. Доколку можете да ги контролирате овие работи, тогаш адвокатурата е вистинскиот избор кој сте го направиле. Во овој дел спаѓаат и часовите кои ги поминувате работејќи во адвокатурата и притисокот од дневните обврски.

Адвокатот треба да биде приспособлив. Тоа е можност правилно да ги комбинира сите горенаведени совети, да го зголеми обемот на својата работа и да постигне задоволителен профит без да го наруши својот секојдневен живот. Сепак на крајот, најдоброто нешто што можете да го направите е да се фокусирате на една област во работењето. Ова ќе овозможи континуирано растење на адвокатската канцеларија во секоја смисла – од една област ќе изникнат повеќе можности, обемот на работа ќе се прошири, ќе вработите нови адвокати, а доколку работите канцелариска работа, на почетокот постои можност да почнете со работа на судски спорови итн.