/ Прочитано:

1.286

Правна конференција „Tres partes”

„Јанаки знае“ организира правна конференција поделена на три дела, симболично насловена „Tres partes”. Конференцијата ќе се одржи на 26.12.2018 година во хотелот „Континентал“ со почеток од 10:00 часот.

  • ИЗВРШЕН ДЕЛ со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој учество во својство на предавачи ќе земат: м-р Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите, и извршител и поранешен судија за извршување Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
  • ГРАЃАНСКИ ДЕЛ со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета”, на која предавачи ќе бидат: адвокат Маруша Митровска од Скопје, судија Љубица Колиќ од Основниот суд Скопје 2 и м-р Ѓорѓи Радојков судија од Апелациониот суд Скопје.
  • КРИВИЧЕН ДЕЛ со работен наслов „Неприменување на кривичноправните институти”, на кој предавачи ќе бидат: м-р Јанаки Митровски, адвокат од Скопје, проф. д-р Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, проф. д-р Александра Деаноска, вонреден професор по казнено право при „Јустинијан Први“ и Оља Ристова, судија при Основниот суд Скопје 1.

По секој дел ќе следува интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од страна на учесниците и кафе-пауза. Деталите за конференцијата може да се погледнат на следниот линк.