/Прочитано:

448

Празнини во правилата за подароците и бенефициите на пратениците

Во последниот извештај за Македонија, ГРЕКО потсетува на основната загриженост од Извештајот за евалуација, во кој се издвојуваат две важни теми во контекст на земјата. Имено, велат од ГРЕКО, се работи за управувањето со судир на интереси и реакциите на подароци и други бенефиции.

Усвојувањето на собранискиот Кодекс за етичко однесување е, секако, позитивен развој, меѓутоа, само изјавата во Кодексот дека „пратеникот е должен да ги почитува правилата што се однесуваат на спречување на конфликтот меѓу јавниот и приватниот интерес“ очигледно не е доволна за какво било пожелно упатство, кое би ги дефинирало појасно проблематичните ситуации и однесувањето што се очекува конкретно во случај на законски и административни активности на пратеникот.

Истото тоа, додаваат од ГРЕКО, може да се каже и во врска со реакциите на подароци и други бенефиции, на пример, затоа што пратениците се должни да се придржуваат и кон она што се чини дека е целосна забрана според Кодексот за етичко однесување, како и според домашните и меѓународните стандарди за корупција.

„Со оглед на меѓународната дефиниција за поткуп, на пример, ГРЕКО потсетува дека УНKАK и Кривичноправната конвенција за корупција го дефинираат поткупот како какво било непотребно давање предност, за да се добие за возврат некое дејствие или неактивност (недејствување). Покрај тоа, во нивниот официјален капацитет може да се соочат со таканаречени протоколарни подароци и останува нејасно дали и тие треба да бидат одбиени или пријавени или можеби предадени на Собранието“, истакнуваат од ГРЕКО.

Во однос на насоки и слични механизми, ГРЕКО би очекувал да се дадат конкретни објаснувања и примери особено во однос на активностите на пратениците.

Прирачникот за конфликт на интереси на ДКСК беше ревидиран во 2016 година, што секако се смета за позитивен развој на настаните. Но, сметаат од ГРЕКО, Прирачникот повеќе е општа рамка за дизајнирање на правилата од соодветните јавни тела.

„Осврнувајќи се на мониторингот и усогласеноста, како што беше истакнато претходно, ГРЕКО, секако, е задоволен да види дека Кодексот предвидува посебен механизам за надзор. Меѓутоа, листите на прекршувања на Кодексот во глава 4 (членови 13 и 14 за прекршоци и сериозни прекршоци) се однесуваат на прекршување на правилата за судир на интереси само во врска со ситуации кои вклучуваат гласање. Прекршувањата на правилата за подароци не се јасно покриени. Севкупно, со оглед на многуте значајни празнини кои сè уште треба да се пополнат, ГРЕКО не може да заклучи дека оваа препорака е имплементирана, дури и делумно“, посочуваат од ГРЕКО.

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Пратениците добија етички кодекс

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р МАРИН МРЧЕЛА, судија и претседател на ГРЕКО: „За борба против корупцијата потребни се добри луѓе

М.В