/ Прочитано:

1.326

Предавање на амбасадорот Бејли за борбата против корупцијата и на Правниот факултет при УГД

Aмбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, денеска  на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе одржи предавање за борбата против корупцијата.

На почетокот на овој месец, американскиот амбасадор говореше за корупцијата и на Факултетот за безбедност при УКЛО во Скопје. На овој настан американскиот амбасадор ја обелодени информацијата за бонусите што си ги изгласале членовите на Државната изборна комисија, како што нагласи амбасадорот, надвор од очите на јавноста. На ваквата постапка на членовите на Државната изборна комисија бурно реагираше јавноста што резултираше со поднесување оставки на членовите на ДИК од функциите.

На настанот, пак, што се одржа на почетокот на оваа недела на Прваниот факултет „Јустинијан Први“, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, американскиот амбасадор потенцираше дека загрижувачките индикатори за присуство на корупцијата во изминатите години имале погубен ефект врз човековите права и слободи.

M.В