/ Прочитано:

2.900

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Собранието на РМ на својата веб-страница ја објави Предлог-одлуката за распишување на референдум поднесена од група пратеници на владејачкото мнозинство.

Во Предлог-одлуката се вели дека се распишува референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија. На референдумот, се вели понатаму во одлуката, граѓаните ќе се изјаснат за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Како датум за одржување на референдумот во Предлог-одлуката се предвидува 30 септември 2018 година, а ќе го спроведе Државната изборна комисија.

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, како што е наведено во Предлог- одлуката, Собранието на РМ законски го ратификуваше како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека ќе учествуваат на седницата и на гласањето за Предлог-одлуката, но дека не ја поддржуваат иницијативата за референдумот поради референдумското прашање кое за нив не е прифатливо.

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција

М.В