/ Прочитано:

1.370

Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница

Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година по скратена постапка, во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за настаните во Собранието на РМ од 27 април 2017 година. Законот се однесува на амнестија за осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани  преку нивно ослободување од кривично гонење, запирање на поведените кривични постапки и целосно ослободување  од издржување на казната.

Меѓу другите точки на оваа седница се и дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог -законот за јавните набавки, како и измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.

По завршувањето на 66. седница закажано е продолжението на 65. седница, на чиј дневен ред е Предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, по скратена постапка.

На оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за нотаријатот и  на Законот за извршување.

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В