/ Прочитано:

954

Предлог-законот за извршување на санкциите пред Законодавно-правната комисија

Предлог-законот за извршување на санкциите, кој е во фаза на второ читање, е на дневен рад на Законодавно-правната комисија.

Во образложението на Предлог-законот за извршување на санкциите се вели дека со предложеното законско решение се обезбедува остварување на две основни цели. Прво, да ја спречи државата и нејзините органи во своето функционирање да применуваат непотребна, претерана, преостра и нецелесообразна присила спрема правните субјекти. Тогаш кога е во прашање извршувањето на санкциите изречени со правосилна и извршна одлука од страна на надлежен суд, да се примени само нужна и неопходна присила. Второ, тогаш кога се применува присилба, тоа да се чини од страна на надлежни органи во постапка пропишана со закон. Законот за извршување на санкциите ги заштитува граѓаните и правните лица од прекумерна, незаконита, нехумана, нерационална и непотребна присилба од страна на државните органи, како и злоупотреби и пречекорување на овластувања на државни органи.

Според опозициските пратеници, предложеното законско решение има недоследности бидејќи критериумите за вработување на лица кои ќе работат во затворската полиција се намалуваат, односно се намалува објективизмот при  нивниот избор, иако се работи за специфично работно место. Како услов за пријавување и избор на директор на Управата не е предвидено полагање на психолошки тест, иако станува збор за специфично работно место за кое тој е неопходен.

Дел од пратениците на Комисијата за политички систем во врска со Предлог-законот истакнаа дека најважно е да се изнајде начин за ресоцијализација на осудените лица, односно да се изнајде соодветен механизам преку кој осудените лица по издржувањето на казната затвор нема повторно да вршат кривични дела. Потребно е да се подобрат условите во Казнено-поправните установи, со оглед на тоа што се многу лоши.

На Комисијата за политички систем од страна на претставникот на Владата, Оливер Ристовски, беше образложено дека е неопходно да се зголеми бројот на вработените во затворската служба затоа што се зголемува бројот на затвореници, а бројот на затворска служба останува ист. Имено ваквата потреба се наметнува од безбедносен аспект.

Осудениците, беше истакнато на расправата,  мора да се ресоцијализираат и во тој правец да се работи на персоналот во затворските установи како еден вид педагози затоа што степенот на човековиот развој се мери и со односот кон осудените лица.

Од Адвокатската комора на Република Македонија ги повикаа адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за извршување на санкциите…АКРМ: Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за извршување на санкциите

Заклучоци од јавната расправата за Предлог-законот за извршување на санкциите

Тркалезна маса за пенитенцијарниот систем и пробациската служба

Градот Скопје и Управата за извршување на санкциите потпишаа меморандум за соработка

Примарната улога на затворите е корекција на однесувањето на лицата кои сториле кривично дело

Во подготовка измени на Законот за извршување на санкциите

Електронските алки за следење на осудениците конечно ќе бидат ставени во функција, најавуваат од Управата за извршување санкции

СТАПУВА ВО ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРОБАЦИЈА: Пробациска служба и алтернативни мерки изречени во кривична постапка

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА: Англиски, велшки и хрватски искуства за општокорисната работа и за условниот отпуст

Издржувањето на условниот отпуст во заедницата ќе го намали повторувањето на делата

СЕ ВОВЕДУВА ПРОБАЦИСКАТА СЛУЖБА: Законот за пробација и измените на КЗ пред пратениците

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Донесувањето на Закон за пробација е нужност

ПРОБАЦИСКА СЛУЖБА: Електронски алки за лицата со изречена казна куќен затвор или мерка притвор

М.В