/ Прочитано:

1.463

Предлог-законот за меѓународна и привремена заштита во собраниска процедура

Предлог – законот за меѓународна и привремена заштита, се вели во законското образложение, се заснова врз почитување на уставно загарантирано право на азил и почитување на човековите слободи и права утврдени со устав, закон и ратификувани меѓународни договори.

„Во легислативата на Република Македонија уставно прокламираното право на азил Републиката го гарантира на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување. Интегрирањето во Европската Унија претставува јасно и недвосмислено изразен стратешки интерес и приоритетна цел на Република Македонија, сè до нејзиното полноправно членство во Европската Унија. Eдно од основните барања за интеграција на Република Македонија во Eвропската Унија е усоглaсување на  националното законодавство со законодавството на Европската Унија.

Во тој контекст, со новиот Предлог-закон за меѓународна и привремена заштита се врши усогласување со европското законодавство во  областа на азилот, односно меѓународната заштита. Предметниот Предлог-закон го изготви меѓуресорска работна група, составена од претставници од сите релевантни институции, (Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика), кои имаат ингеренции како во постапката така и во интеграцијата на барателите за признавање на правото на азил, со партнерство на Канцеларијата на УНХЦР (Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации) во Скопје, како и експертска советодавна поддршка преку ТАИЕКС (Инструмент за техничка помош и размена на информации) инструментот на Европската комисија. Предлог-законот беше доставен на мислење и до Европската комисија во Брисел и во него се инкорпорирани нивните забелешки“, се вели во законското образложение.

M.В