/ Прочитано:

3.079

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

На денешната собраниска седница на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, по скратена постапка.

Во Предлог-законот се вели дека уставната основа за законот што се предлага е во член 68, став 1, алинеја 6 од Уставот на Република Макединија, според кој Собранието на Република Макеоднија со закон ги ратификува склучените меѓународни договори на Република Македонија. Овој закон, се посочува во Предлог-законот, произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција

М.В