/ Прочитано:

959

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на РМ пред собраниските комисии

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за финансирање и буџет.

„Во изминатиов период од годината фискалните движења ја наметнаа потребата од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната така и на расходната страна на Буџетот на Република Македонија.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари.

Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7% од БДП“, се вели во Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на РМ за 2018 година, кој може да се преземе на следниот линк.

М.В