/ Прочитано:

1.176

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е на дневен ред на денешната Комисија за уставни прашања. Предлогот и насоките за изменување и дополнување на Уставот на РМ се поднесени од Владата на РМ и содржат предлози и насоки за додавање на придавката северна во името на Република Македонија, измени во Преамбулата на Уставот, поцврста гаранција на границата, грижа за Македонците и дијаспората во странство.

Во Деловникот на Собранието на РМ се пропишува дека претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата за уставни прашања може да трае најмногу десет работни дена.

Комисијата за уставни прашања разгледува прашања што се однесуваат на спроведување на Уставот; предлози за изменување и дополнување на Уставот; начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти; воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од уставен карактер и други прашања од уставен карактер.

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В