/ Прочитано:

783

Предложени измени на Законот за Царинската управа во врска со царинските службеници

Група пратеници во Собранието на РМ предложија измени на Законот за Царинската управа.

Во законското образложение се вели дека со предложените измени и дополнувања на членот 8-в од Законот за Царинската управа, со кој се уредени работни места и звања на помошно-стручните царински службеници од категоријата Г, се врши усогласување со Законот за административни службеници во однос на посебните услови за работното место и регулацијата на четири нивоа од категоријата наместо постојните три, како и можноста за вработените во Царинската управа кои не се царински службеници, во согласност со Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и  Законот за работни односи,  да се распределуваат на соодветно работно место на царински службеник, со обврска во рок од шест месеци да го положат стручниот испит за царински  службеник.

М.В