/ Прочитано:

1.678

Предложени законски измени за поедноставна постапката при вработување затворски полицајци

Група пратеници во Собранието на РМ предложија измени на Законот за извршување на санкциите. Предложените изменувања и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, се вели во законското образложение,  произлегуваат како резултат на тешкотиите во спроведувањето на одредбите од Законот, особено делот кој се однесува на постапката на вработување на припадниците на затворската полиција преку јавен оглас.

„Постапката за вработување содржи делови кои само ја усложнуваат постапката за селекција, како што е случајот со делот од испитот во кој преку тест за личност се врши проверката на соодветноста на кандидатот за работното место за кое аплицирал. Исто така, се покажа дека утврдените посебни услови што се однесуваат на поседување на меѓународно признати сертификати за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење не се гаранција за избор на најкомпетентните затворски полицајци. Имајќи ја во предвид и потребата од зголемување на бројот на припадниците на затворската полиција во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, факт кој што е нотиран и во Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015-2019) и извештаите и препораките на меѓународните организации од областа на извршувањето на санкциите, неоходно е пополнување на празните систематизирани и испразнетите работни места во затворскиот систем’“, се вели во образложението на Законот.

М.В