/ Прочитано:

1.729

Причини за зголемениот број на самоубиства во затворите во Англија и Велс и начини за справување со нив

Според статистиката, во просек на секои 3 дена се случувало некој да изврши самоубиство во затворите, па според тоа вкупниот број самоубиства од 1992 година до 2017 година изнесува 1864. Министерката за правда на Велика Британија, Елизабет Трус, во изјава за „Гардијан” вели дека откако стапила на должност, увидувајќи го зголемениот број самоубиства во затворите, веднаш презела мерки за да ја стабилизира состојбата и да се зголеми контролата врз внесувањето дрога во затворите и шверцувањето телефони за осудените лица како причини кои доведуваат до намалување на сигурноста во затворите. Исто така, Трус вели дека Владата планира да инвестира 100 милиони фунти годишно за вработување на нови затворски службеници.

Затвореник

Според статистиката на Министерството за правда на Велика Британија, рекордни 119 луѓе, од кои 12 жени, извршиле самоубиство во затворите во Англија и Велс во 2016 година, со што процентот на самоубиства се зголемил од 29 %, од претходните години, на 32 % минатата година. Оваа бројка всушност е за 8,6 пати поголема за разлика од вкупниот број на самоубиства во Англија и Велс.

Според статистиката, во просек на секои 3 дена се случувало некој да изврши самоубиство во затворите, па според тоа вкупниот број самоубиства од 1992 година до 2017 година изнесува 1864.

Министерката за правда на Велика Британија, Елизабет Трус, во изјава за „Гардијан” вели дека откако стапила на должност, увидувајќи го зголемениот број самоубиства во затворите, веднаш презела мерки за да ја стабилизира состојбата и да се зголеми контролата врз внесувањето дрога во затворите и шверцувањето телефони за осудените лица како причини кои доведуваат до намалување на сигурноста во затворите. Исто така, Трус вели дека Владата планира да инвестира 100 милиони фунти годишно за вработување на нови затворски службеници.

Лидерот на Либерално-демократската партија Тим Фарон вели дека кризата во затворите вртоглаво излегува од контрола поради малиот број чувари во затворите и поради тоа што затворите стануваат жаришта на насилство, а по правило треба да бидат места за ресоцијализација.

Од Кралскиот колеџ на психијатри исто така изјавиле дека фактот за зголемениот број на самоубиства во затворите се должи на недоволниот затворски персонал. Тимовите задолжени за менталното здравје во затворите се обидуваат да им помогнат на очајните затвореници и покрај тоа што нивниот кадар е во дефицит. Имало случаи кога затвореникот не бил придружуван од стручно лице психијатар кога бил упатен на лекување, или затворот не обезбедил психијатар доколку му бил потребен на затвореникот во неговата ќелија.

Немањето приватност и интимност, насилните односи меѓу затворениците кои ја делат ќелијата, недоволниот број лични работи, немањето доволен простор за живеење, за јадење и за спиење, немањето услови за зачувување на достоинството во тоалетот и бањата, непријатниот мирис во затворите од телата, урината и изметот, понижувањето во присуство на другите затвореници итн., се болни за луѓето и се штетни по нивното психичко здравје.

Дебора Колс, директорка на здружението „Инквест” кое ги следи состојбите во затворите и дава стручни мислења за нивната работа, изјавила дека е неприфатливо да има толку голем број самоубиства во затворите во 2016 и воопшто во годините наназад. Таа смета дека тоа се должи на неефикасниот систем на државата кој не може да се справи со социјалните проблеми, со менталното и психичкото здравје на луѓето, со создавањето на разни зависности, со сиромаштијата и бездомништвото. Решението го гледа во намалувањето на бројот на осудени лица во казнено-поправните домови и затворите, во создавањето алтернативни решенија и во промена на природата и културата на затворите за да можат да ја постигнат својата основна цел – рехабилитација и ресоцијализација на луѓето.

Дејвид Скот, доктор по детска и адолесцентна психијатрија во Центарот за јавно здравје од Манчестер, вели дека затворите знаат да ги одделат осудените лица од нивното минато и да направат тие да ја изгубат контролата над својот живот во нивната сегашна ситуација. На тој начин затворите стануваат место за трошење на човековиот живот. За голем број затвореници, затворите се осамени места каде што тие се изолирани и каде што искусуваат голем број бруталности. Сето тоа комбинирано со болната свест дека таму ќе го поминат животот резултира со појава на суицидни идеи кај нив.