/ Прочитано:

1.296

Прифатен Акцискиот план за реорганизација на органите на државната управа

„Како дел од реформите во јавната администрација, Владата на РМ го прифати најновиот текст на Акцискиот план за реорганизација/оптимизација на органите на државната управа со цел воспоставување на развиена кохерентна институционална поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт со предлог акциски план, и го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација во рок од еден месец по усвојувањето на информацијата да формира меѓуресорска работна група од раководни административни службеници, која ќе го координира процесот на реализација на Акцискиот план и на секои три месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите“, информираат од Владата на РМ.

М.В