/ Прочитано:

1.517

Прирачник на МЗМП за еднаквиот пристап на граѓаните до нивните  права

Сите лица се еднакви во остварувањето на правата. Забрането е разликување на поединец или група по основ на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, религија или верско уверување, политичка припадност, ментална или телесна попреченост, возраст или која било друга основа, се вели во прирачникот „Еднаков пристап до права за сите“ на Македонското здружение на млади правници.

Република Македонија, се вели понатаму во прирачникот на Македонското здружение на млади правници, има обврска да им обезбеди социјална заштита на граѓаните, да им гарантира помош на граѓаните кои не можат да се грижат за себе и кои се неспособни за работа и да им обезбедува посебна заштита на лицата со попреченост и услови за нивно вклучување во секојдневниот живот.

Од МЗМП посочуваат дека прирачникот е наменет за сите лица и граѓани за да им послужи да се запознаат со основните права што ги имаат пред надлежните органи и пред судовите, без разлика на нивната имотна состојба или кој било друг статус и припадност.

Правата во управната и граѓанската постапка, ослободувањето од судски такси и бесплатната правна помош се клучните прашања на кои е посветен информативниот прирачник.

Прирачникот може да се преземе на следниот линк.

М.В