/ Прочитано:

1.246

Притисок врз странските, а особено врз британските компании во Кина

Компаниите од Велика Британија кои својата дејност ја имаат проширено на кинескиот пазар не се во можност во целост да ги исполнат своите заложби за почитување на човековите права, кои се во спротивност со нивните професионални обврски. Токму затоа, мрежата на адвокати, новинари и интелектуалци (GLAN) презела активности за да Комитетот за надворешни работи при британскиот Парламент, дополнително ги истражи овие работи, кои можат да влијаат врз односите помеѓу Велика Британија и Кина. Загриженоста на GLAN, кои имаат свои канцеларии во Лондон и Даблин, е поради тоа што кинеската влада се меша во работата и дејноста на странските компании и постојано им наметнува некакви ограничувања, што во последните неколку години станало практика.

По изложените докази пред Комитетот за надворешни работи при британскиот Парламент, непрофитната организација „Global Legal Action Network”, составена од адвокати практичари, новинари и интелектуалци кои се занимаваат со истражувачки стории, тврди дека компаниите од Велика Британија кои својата дејност ја имаат проширено на кинескиот пазар не се во можност во целост да ги исполнат своите заложби за почитување на човековите права, кои во оваа ситуација се во спротивност со нивните професионални обврски.

Мрежата на адвокати, новинари и интелектуалци (GLAN) презела активности за Комитетот дополнително да ги истражи овие работи, кои можат да влијаат врз односите помеѓу Велика Британија и Кина.

Загриженоста на GLAN, кои имаат свои канцеларии во Лондон и Даблин, е поради тоа што кинеската влада се меша во работата и дејноста на странските компании и постојано им наметнува некакви ограничувања, што во последните неколку години станало практика.

Во нивното истражување е констатирано дека климата на владеење на правото континуирано се влошува и дека почитувањето на законските норми, реформите во правниот систем и заштитата на основните права се во опасност. Претседателот на Врховниот суд на Кина, Жу Кјанг, во една прилика изјавил дека судството треба да се спротивстави на принципите на поделба на власта и независноста на судството.

Според кинеските закони, од 2001 година странските компании кои својата дејност ја извршуваат во Кина мора да се придржуваат кон професионалната етика и дисциплина, а доколку не се во можност тоа да го прават, ќе се соочат со кривични или административни санкции, што создава притисок кај странските компании и нивна неможност слободно да дејствуваат на пазарот.

Тони Фишер, постар партнер во адвокатската канцеларија „Фишер Џоунс Гринвуд” за интернет страницата „Law Gazette”, изјавил дека една од слабостите на извештајот на GLAN е тоа што не дава конкретни примери за тоа која компанија се соочила со вакви притисоци. Тој смета дека британските фирми во Кина, сепак, не се соочуваат со прикажаните проблеми ,иако се согласува дека тие работат во потешки околности. Но и покрај тоа, смета тој, компаниите треба да стојат цврсто на своите заложби кои се засновани на професионализмот и владеењето на правото.

С. М.