/ Прочитано:

1.770

Признавање и учество во парница на странско трговско друштво

Автор: проф. д-р Кирил Чавдар Објавено: Скопје, 2008


Вовед

Во граѓанскоправниот промет, а посебно во склучувањето на трговските договори и во другите трговски активности, учествуваат, покрај физичките лица, и правни лица, кои, согласно со прописите на одредена држава имаат правна способност т.е. правото им признава правен субјективитет кој се состои во нивната  способност да бидат носители на права и обврски. За разлика од физичките лица, кои стекнуваат правна способност во моментот на нивното раѓање, правните лица стекнуваат правна способност во моментот на нивното настанување, што секоја држава го уредува со сопствени прописи.

            Правните лица се всушност разни облици на здружување, или имотни маси, кои својството на правно лице може да го стекнат доколку одредена држава ги признава како правно лице т.е. доколку нормата на некоја држава им го додели таквото својство. Ова својство секоја држава го доделува врз основа на сопствената процедура и своите критериуми, па така, во светски размери постојат различни системи. Меѓу нив попознати се: а) законскиот систем според кој правното лице може да биде основано со закон или со управен акт донесен врз основа на закон; б) систем на концесии или дозволи според кој правното лице може да биде основано врз основа на концесија или со претходна согласност – одобрение од надлежен државен орган кој има дискритиционо право да ја цени оправданоста за основање на одредено правно лице; в) нормативен систем, или систем не слободно здружување според кој правното лице го основаат други правни субјекти – основачи, според пропишаните услови содржани со соответен пропис, а правниот субјективитет таквото правно лице го добива со соответна регистрација кај надлежен орган. Покрај овие системи, се јавуваат и различни нивни варијанти, т.е. подсистеми, во чи подробности, со оглед на намената на овој труд, нема потреба да се впуштаме.

>> Прочитај ја целата статија


Останато од авторот: