/ Прочитано:

7.597

Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО

Владата на денешната седница ја именуваше проф. д-р Ана Павловска-Данева за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија. Д-р Ана Павловска – Данева e професорка на Катедрата по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Павловска – Данева  е претседател на работната група што ја изготвуваше стратегијата и акцискиот план за реформи во правосудството, за кои истакна дека се работи за исклучително обемен, сеопфатен материјал, изработен согласно највисоките меѓународни стандарди.

„Работната група во досегашниот нејзин ангажман се раководеше од четири основни принципи – независност и непристрасност односно елиминација на селективна правда, како од нормативен, така и од практичен аспект, унапредување на квалитетот на институциите, подобрување на одговорноста и отчетноста и зголемена ефикасност и транспарентност во сферата“, истакна Данева при презентацијата на стратешките документи.

M.В