/ Прочитано:

6.650

Проф. д-р Мишо Докмановиќ избран за претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

На 20 јули 2017 г. се одржа редовно годишно собрание на Македонско-американската алумни асоцијација на кое беше расправано за досегашните и идните активности на организацијата и беа спроведени избори за ново раководство на организацијата основана во 2000 година.

По два круга гласање и од четворица пријавени кандидати, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Мишо Докмановиќ, беше избран за претседател на МААА за периодот 2017-2019 година.

Покрај тоа беа избрани и четворица членови на Извршниот одбор: проф. д-р Дончо Донев, проф. д-р Ана Фрицханд, доц. д-р Јована Јованова и Тања Томиќ.

Претставници на Амбасадата на САД во Македонија присуствуваа на собранието и му честитаа на новото раководство. МААА претставува здружение на учесници на програми за размена во САД од Република Македонија.

М.В