/ Прочитано:

1.394

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на Европската мрежа на американски алумни организации

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседател на Македонско-американската алумни асоцијација – МААА, Мишо Докмановиќ е избран за член на Одборот на директори на Европска мрежа на американски алумни организации – ЕНАМ. Мрежата опфаќа 68 организации на учесници на програми за размена со САД од 36 земји во Европа и Азија. Професорот Докмановиќ во Одборот на директори ќе им се придружи на претставниците на Австрија, Велика Британија, Германија, Ирска, Италија и Унгарија.

За генерален секретар на ЕНАМ е избранa Тониа Арахова од Грција. Изборот претставува признание за прогресот на земјата, како и за активностите што ги спроведе Македонско-американската алумни асоцијација во изминатиот период.

„Градиме мостови на соработка помеѓу САД и Македонија“ – проф. д-р Мишо Докмановиќ, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

Проф. д-р Мишо Докмановиќ избран за претседател на Македонско-американската алумни асоцијација

M.В