/ Прочитано:

1.349

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2018 година, заедно со табеларниот преглед.

На 31 декември стапуваат во примена одредби од Законот за платниот промет. Од подзаконските акти, на 1 декември стапува во примена Одлуката за укинување на увозната давачка – царинска стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи, разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени.

На 31 декември престанува да важи Одлуката за ослободување од обврска за користење на интегриран автоматски систем за управување на вршителите на авто-такси превоз на патници, односно ослободувањето трае до 31 декември 2018 година. Исто така, на 31 декември престануваат да важат одредби од Правилникот за постапката и поблиските критериуми за софинансирање на издавачката дејност.

Целосен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември