/ Прочитано:

2.239

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2018 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите што стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 јануари 2018 година стапија во примена: Законот за рестриктивни мерки и одредби од Законот за здравствената заштита, одредби од Законот за земјоделското земјиште, одредби од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, одредби од Законот за заштита на децата, одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, одредби од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и одредби од Законот за персоналниот данок на доход.

На 1 јануари престанува да важи Законот за меѓународни рестриктивни мерки, а на 31 јануари престанува да важи Законот за даночни, царински и други фискални погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер куп 2017 во Република Македонија.

На 1 јануари 2018 година, исто така, стапуваат во примена и повеќе подзаконски акти и одредби од подзаконски акти, чијшто детален преглед е приложен во листата на прописи чиишто одредби стапуваат во примена.

На 1 јануари 2018 година стапуваат во примена: Уредбата за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, Упатството за изменување на Упатството за спроведување на Одлуката за управување со ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности, Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, Одлуката за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките и белешките кон тие извештаи, Уредбата за методологија за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2018 година, Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд… Целосна листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2018