/Прочитано:

560

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 1 јули стапуваат во примена Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот и условите за поединечно известување за кредитите земени од нерезиденти, Упатството за изменување на Упатството за спроведување на Одлуката за менувачки работи, Одлуката за изменување на Одлуката за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање согласности и Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка.

На 1 јули престанува да важи Одлуката за основните начела и принципи на корпоративно управување во банка, а на 15 јули престанува да важи Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на видови на стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини.

 Табеларен и целосен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2018 година