/Прочитано:

863

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2018 година

Напомена:

На 30 јуни 2018 година требаше да стапат во примена одредби од Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/2016).
На 30 јуни 2018 година требаше да престанат да важат одредби од Правилник за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2010 и 38/2012).

Со измена на посочениот Правилник, примената на истиот е одложена за 30 јуни 2019 година. 

Табеларен преглед на листата со прописи