/ Прочитано:

2.179

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 мај стапуваат во примена одредби од Законот за спортот и престанува да важи членот 1-а од Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На 1 мај стапуваат во примена Правилникот за градба, утврдување на пловидбеност и одржување на крилата за слободно летање и Правилникот за начинот и правилата на летање со крила за слободно летање. На први мај престануваат да важат Правилникот за аматерско градење на воздухоплови, Правилникот за начинот на летање и користење на змаевите, тврдокрилците и параглајдерите и Правилникот за начинот на пропишување и издавање на лекови на рецепт.

На 17 мај стапува во примена член 3 од Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лековите, а престанува да важи Правилникот за начинот на пропишување и издавање на лекови на рецепт.

 Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2017