/ Прочитано:

1.459

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чии одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2018 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите што стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 март стапуваат во примена Правилникот за правилата и постапките на летањето на воздухопловите и  Уредбата за организацијата и користењето на воздушниот простор.

На 11 март стапуваат во примена Правилникот за поблиско определување на изборот на видовите и на количините на противпожарните апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за утврдување на критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на противпожарните апарати, кои се однесуваат на техничката опрема и просторот за работа и Правилникот за поблиските критериуми кои треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гасење на пожари и откривање на експлозивни смеси, што се однесуваат на техничката опрема.

На 1 март престанува да важи Правилникот за правилата и постапките на летањето на воздухопловите.

На 11 март престануваат да важат Правилникот за изборот на видовите и на количините на противпожарните апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на противпожарните апарати и Правилникот за критериумите кои треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гасење на пожари и откривање на експлозивни смеси.

Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите што стапуваат во примена или престануваат да важат.