/ Прочитано:

1.770

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 1 септември стапува во примена Законот за Академијата за наставници. Со овој закон се основа и се уредува работењето на Академијата за наставници како јавна установа за прием и стручно усовршување на кандидати за учество во обуката за наставници во јавните и приватните училишта, како и издавањето, обновувањето и одземањето на лиценца за работа на наставници.

На 1 септември стапува во примена Законот за наставници во основните и средните училишта. Со овој закон се уредуваат условите за вршење на професијата наставник во основните и средните училишта во Република Македонија, засновањето на работниот однос, категориите на наставници, работните задачи на наставникот, континуираното стручно усовршување, напредувањето во звања и одземање на звање.

На 1 септември стапуваат во примена одредби од повеќе закони кои се однесуваат на условот за познавање на англискиот јазик на раководните лица на органите, установите, организациите итн. Во врска со тоа, на 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за управната инспекција, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Законот за инспекцискиот надзор, Законот за архивски материјал, Законот за електронските комуникации, Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за јавните претпријатија, Законот за матичната евиденција, Законот за заштита на природата, Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Законот за хартии од вредност…Целосен и детален преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември. 

На 1 септември стапува во примена Уредбата за начинот на давање на услугите на воздухопловна навигација како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/2018), а престанува да важи Уредбата за начинот на давање на услугите на воздухопловна навигација како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 114/2008, 117/2009, 132/2013 и 144/2013).