/ Прочитано:

1.463

Протест во Охрид против СЈО поради повикувањето на членови на ВМРО – ДПМНЕ на информативни разговори

Специјалното јавно обвинителство информира дека во врска со предистражната постапка која се води во ова јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка. Ова е причина, голем број граѓани на Охрид денеска да излезат на протест.

Специјалното јавно обвинителство информира дека во врска со предистражната постапка која се води во ова јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка.

„Во согласност со Кривичниот законик, секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка. Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност  јавните обвинители во ова јавно обвинителство ја вршат во согласност со Законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.“

Инаку, денеска граѓани на Охрид, партиски членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ, пред зградата на Секторот за внатрешни работи одржаа мирен протест, токму поради тоа што СЈО повика голем број лица да дадат искази.

Тие го искажаа својот револт со извици и транспаренти против СЈО поради повикувањето на членови на партијата на информативни разговори во врска со финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 2014 година.

„СЈО треба да работи транспарентно, да работи во правото и да го сочува угледот на граѓаните. Од денеска охриѓани ќе кажат „не“ на Селективното јавно обвинителство и нема да бидеме повикувани, уценувани со закани. Ние не сме криминалци. СЈО е вонуставна категорија и ќе се бориме да го укинеме“, истакна пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски.

На околу 200 членови на ВМРО – ДПМНЕ, меѓу кои актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата од Охрид, во текот на вчерашниот ден им стигнале покани за информативен разговор во полиција со претставници на Специјалното јавно обвинителство.

А. Б.