/Прочитано:

587

Процедурата за финансиска поддршка на компаниите кои реализирале нови инвестиции и вработиле нови луѓе

 

Владата на РМ го  објави Калкулаторот за финансиска поддршка на инвестиции и за конкурентност, електронска алатка која може да им послужи на компаниите однапред и апроксимативно да пресметаат колкав износ на државна поддршка може да очекуваат, во однос на направените инвестиции.

Во врска со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од Владата велат дека правилниците за добивање и исплата на финансиска поддршка се усвоени и стапија во сила на 7 јуни оваа година и со тоа е овозможена имплементација на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст.

„Ги повикуваме сите компании од Република Македонија, кои имаат реализирано нови инвестиции и кои имаат вработено нови луѓе во текот на 2017 година, до крајот на јуни да аплицираат за финансиска поддршка од страна на Владата. Постапката за аплицирање е едноставна и покрај барањето, кое е достапно на веб страниците на Владините институции, потребно е да се достават и други документи, кои компаниите ги имаат во секој момент. Средствата во буџетот се обезбедени и очекуваме со овие мерки да ги стимулираме компаниите уште похрабро да инвестираат и да вработуваат. Сметаме дека овој Закон  и мерките се најтранспарентниот начин за доделување на државна поддршка на компаниите и за економски раст и развој на Република Македонија“, истакнуваат од Владата.

Покрај стандардизиран формулар/барање, додаваат од Владата, компаниите до надлежните институции треба да достават и писмо на намери, деловен план за инвестициски проект, тековна состојба за деловниот субјект издадена од Централниот регистар,  потврда од Централен регистар дека над деловниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, годишни сметки со финансиски извештаи и консолидирани годишни сметки и консолидирани финансиски извештаи, за последните четири години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност, како и потврда од надлежен орган на странска држава за пријавено живеалиште или привремен престој за државјани на Република Македонија, кое се однесува за инвеститори од дијаспората.

  • Барање за финансиска поддршка [Преземи]
  • Барање за доделување на финансиска поддршка (до ДТИРЗ)[Преземи]
  • Барање за доделување на финансиска поддршка (до АСИПИ) [Преземи]

М.В