/ Прочитано:

804

Прва редовна седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

„Како круна на активностите во врска со НИПП (Националната инфраструктура на просторни податоци) во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности, се одржа и првата редовна седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци. Овој Совет е формиран со решение на Владата на Република Македонија во март 2018 година. На седницата, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија го извести Советот за статусот на активностите поврзани со НИПП, а пред присутните од страна на консултантите од ИМПУЛС проектот беа презентирани искуствата во оваа област од Шведска и Хрватска. Беше разгледана и Предлог-годишната програма за НИПП (Националната инфраструктура на просторни податоци) за 2018 година. За програмата Советот даде позитивно мислење“, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

М.В