/ Прочитано:

3.028

Публикација „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“

Публикацијата „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“ претставува резиме на обуките одржани во рамките на проектот на Адвокатската комора на Република Македонија, со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во РМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), со наслов „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.

Автор на публикацијата, која е во издание на Адвокатската комора на Република Македонија,  е Никола Додевски, адвокат и предавач во рамките на проектот.

Целта на публикацијата, која беше промовирана во Охрид, е да се систематизираат дискусиите и согледувањата на учесниците и на предавачите од досегашната практична примена на Законот за кривичната постапка, и тоа, пред сè, од аспект на одбраната и можностите таа да биде ефикасна, и од аспект на неуедначената практика и различниот третман на правните ситуации, како и да се воочат недостатоците на законското решение и проблемите при неговата практична примена.

За адвокатите е корисно што во публикацијата на едно место можат да се најдат забелешките, искуствата и проблемите од практиката и да им послужат во кривичните постапки.

Авторот на публикацијата, адвокатот Никола Додевски, вели дека заради поголема прегледност при користење на материјалот во него се вметнати и одредбите од Законот за кривичната постапка, како и практиката на Европскиот суд за човекови права, имајќи го предвид наднационалниот карактер на Европската конвенција за заштита на човековите права како составен дел на правниот поредок на Република Македонија.

Публикацијата може да се преземе на следниот линк