/ Прочитано:

1.283

„Пуч“ ќе се одложува, на специјалните јавни обвинители не им е овозможен соодветен увид во доказите

На почетокот на февруари тимот на Специјалното јавно обвинителство вршеше увид во доказите за случајот „Пуч“ четири дена, колку што им беа определени од Судот кој одвои и посебна просторија во која обвинителите можеа да вршат увид во пишаните докази, аудиовизуелни докази, како и во сите останати списи од предметот.

PUC ZAEV VERUSEVSKI

Специјалното јавно обвинителство ќе побара одложување на процесот „Пуч“ за кој утре во 10:00 часот во Кривичниот суд е закажана главна расправа, потврдуваат од СЈО.

Оттаму велат дека Специјалното јавно обвинителство сè уште не го добило одговорот од Кривичниот суд на барањето за добивање копии од доказите за случајот „Пуч“, кои им се потребни за подобро запознавање со предметот и за негова соодветна презентација во судница.

Целосното образложение зошто ќе побараат повторно одложување, ќе го кажат преку соопштение кое ќе биде достапно за јавноста.

СЈО го доби предметот „Пуч“ заедно со останатите 35 предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори во декември 2015 година. Оттогаш имаше два обиди за стартување на процесот што се води во Кривичниот суд против петтемина обвинети: поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, вработениот во МВР Ѓорги Лазаревски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров, но на барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јавена тоа беше одложено.

PUC KATICA JANEVA I LENCE RISTOSKA

Во средината на јануари Јанева последен пат побара одложување на процесот на подолг период, со цел нејзиниот тим да изврши увид во доказите на предметот, но оттогаш, според извори од Специјалното јавно обвинителство, обвинителите можеле да извршат увид во доказите само во зградата на Судот.

На почетокот на февруари тимот на Специјалното јавно обвинителство вршеше увид во доказите за случајот „Пуч“ четири дена, колку што им беа определени од Судот кој одвои и посебна просторија во која обвинителите можеа да вршат увид во пишаните докази, аудиовизуелни докази, како и во сите останати списи од предметот.

Адвокатите на обвинетите во случајот „Пуч“ велат дека ја подготвуваат одбраната за процесот.

Поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникот во Општина Струмица Палифров, лидерот на СДСМ, Заев, и вработениот во МВР Лазаревски, одговараат за делата шпионажа и насилство врз највисоки државни органи.

М.С.

Специјалното јавно обвинителство ќе врши увид во доказите за случајот „Пуч“