/ Прочитано:

958

Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговија

Министерката за правда, Рената Дескоска, е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза, каде што ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.

Дијалогот ќе ги опфати и ќе ги вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.

„Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа“, информираат од Министерството за правда.

M.В