/ Прочитано:

869

Рокот за вградување микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и да се регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.

„Би сакал да нагласам дека од 1 април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот што следува со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од 1 април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните се движат за индивидуално лице од 100 до 150 евра во денарска противвредност, а за правните лица казните изнесуваат 1.000 евра во денарска противвредност“, истакна директорот на АХВ на прес-конференцијата.

Бесплатното чипирање на домашните миленици, како што додаде Атанасов, е предвидено во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња.

Идентификацијата на домашните миленици преку вградување на микрочипови ќе започне наскоро

М.В