/ Прочитано:

1.296

САД го напуштија Советот за човекови права – одлуката предизвика реакции во Обединетите нации и ЕУ

САД го напуштија Советот за човекови права на Обединетите нации,  пренесуваат светските медиуми кои информираат дека одлуката ја објавиле државниот секретар Мајк Помпео и американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

„Правејќи го овој чекор, сакам да биде кристално јасно дека тоа не значи повлекување од нашето ангажирање во врска со човековите права“, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Според амбасадорката, САД се повлекуваат од Советот за човекови права бидејќи не ги спровел суштинските реформи и не ги штител човековите права, со што не ни заслужувал да го носи тоа име.

ЕУ и Велика Британија изразија жалење за одлуката на САД, додека, пак, шефот на ОН за човекови права, Зеид Раад ел Хусеин, истакна дека одлуката е разочарувачка и дека со оглед на состојбата со човековите права во светот денес, САД би требало да го зајакнат својот ангажман, а не да се повлекуваат.

Советот за човекови права, тело со седиште во Женева во чиј состав влегуваат 47 земји, беше основан во 2006 година од страна на Генералното собрание на ОН, со што ја презеде улогата од Комисијата за човекови права.

М.В