/Прочитано:

153

Се подготвува нов Закон за просторно и урбанистичко планирање

Министерството за транспорт и врски подготвува нов Закон за просторно и урбанистичко планирање. Донесувањето на нов Закон за просторно и урбанистичко планирање,  велат од Министерството, е заради надминување на недостатоците и слабостите од постојниот закон, со предложување на подобрени законски решенија.

Со овој закон, додаваат од Министерството за транспорт и врски, ќе се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање.

М.В