/ Прочитано:

2.111

Се подготвува Закон за енергетска ефикасност

Во врска со Нацрт-законот за енергетска ефикасност од Министерството за економија велат дека Република Македонија има обврска да транспонира повеќе директиви и регулативи во националното законодавство од областа на енергетската ефикасност, и тоа: Директива 2012/27/ЕУ за енергетска ефикасност, Директива 2010/31/ЕЦ за енергетски карактеристики на зградите, Регулативата 2017/1369 за утврдување на рамка за означување на потрошувачката на енергија, како што се усвоени и изменети од Министерскиот совет на Енергетската заедница.

Во таа смисла, од Министерството посочуваат дека целта на прописот е усогласување со обврските што произлегуваат од Договорот за основање на енергетската заедница и унапредување на енергетската ефикасност преку примена на мерките за енергетска ефикасност во сите сектори.

М.В