/ Прочитано:

992

Се подготвува Закон за фитофармација чија цел е усогласување со прописи на ЕУ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува Закон за фитофармација. Со донесувањето на Законот се регулира една голема област од синџирот на безбедноста на храната и храната за животни, а тоа е употребата на производите за заштита и превенција од штетни организми кај растенијата и растителните производи.

„Со Законот за фитофармација се врши усогласување со регулативите: 1107/08, која го уредува маркетингот на фитофармацевтските производи, како и начинот на нивно авторизирање и лиценцирање на територијата на ЕУ; 396/05, со која се уредува определувањето на резидуите од фитофармацевтски производи со процес на авторизација, како и определувањето на прифатливите дози на резидуи од фитофармацевтски производи; 1185/09, со која се уредува прибирањето на статистички податоци за употреба на фитофармацевтски производи. Со Законот се врши транспонирање и на следните директиви: 128/08, со која се регулира одржливата употреба на фитофармацевтски производи; 127/08, со која се уредува употребата на опремата за апликација на фитофармацевтските производи“, образложуваат од Министерството.

М.В