/ Прочитано:

1.558

Се подготвуваат измени на Законот за данокот на добивка

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за данокот за добивка. Целта на Предлог-законот, велат од Министерството, е појаснување и допрецизирање на одредбите од законот кои се однесуваат на трансферните цени и непризнатите расходи и други прашања, а во насока на поедноставување на нивната практична имплементација.

Со Законот за данокот на добивка се уредува начинот на оданочување на добивката, стапката по која се пресметува данокот на добивка, обврзниците за плаќање на данокот на добивка, даночната основа за пресметување на данокот на добивка, роковите за плаќање на данокот на добивка, како и други прашања кои се значајни за утврдување и за плаќање на данокот на добивка.

М.В