/ Прочитано:

2.327

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

Министерство за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за работните односи. Во текот на имплементацијата на Законот за работните односи, истакнуваат од Министерството за труд и социјална политика, се наметна потребата од доуредување на некои од одредбите со цел да бидат недвосмислени, односно да бидат јасни во примената. Исто така, според коментарите на Комитетот на Советот на Европа за примената на ратификуваните членови од Европската социјална повелба, одредени одредби од Законот не се во согласност со Повелбата.

„Република Македонија презема мерки за подобрување на деловното опкружување според кое државата се рангира во извештаите ‘Дуинг бизнис 2018’ на Светската банка. Република Македонија, која има ратификувано определен број на членови од Европската социјална повелба, има обврска да ги имплементира во националната легислатива“, образложува Министерството за труд и социјална политика.

Европската социјална повелба на Советот на Европа претставува суштинско дополнение на Европската конвенција за човекови права со која се гарантираат граѓанските и политичките човекови права. Повелбата ги гарантира социјалните и економски човекови права, особено правата од домување, здравство, образование, вработување, правна и социјална помош и заштита, движења на лица и недискриминација.

M.В