/ Прочитано:

967

Се подготвуваат измени на Законот за животната средина во врска со постапувањето со контаминирани подрачја

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува измени на Законот за животната средина.

Со Законот за животната средина се уредуваат правата и должностите на Република Македонија, на општината, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје, како и правата и должностите на правните и на физичките лица во обезбедувањето услови за заштита и за унапредување на животната средина, заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.

Со измените и дополнувањата на Законот за животната средина се воведуваат нови одредби со кои се идентификуваат контаминирани подрачја и се уредува постапувањето со нив заради надминување на нивното влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето.

Во делот на стручните испити измените се со цел олеснување на спроведувањето на процесот на полагање, како и регулирање на статусот на лицата со веќе положен испит. Покрај тоа, се вршат измени за унапредување на процесот на полагање на стручните испити и стекнување со лиценци за стратешка оцена, оцена за влијание врз животната средина и постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење. Истовремено се преуредува делот за наплата на надоместоци.

М.В