/ Прочитано:

1.358

Се прават анализи за воведувањето на повисок персонален данок

Во Владата на Република Македонија се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата што заработуваат повеќе. Ова го истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој смета дека треба да се направи математичка анализа и модел според кој ќе се види кои ќе бидат придобивките од измените во врска со персоналниот данок на доход.

„Кога ќе биде завршена анализата, ќе биде кажана и бројката за прагот. Јас само отворив дилема дали 1.000 евра е можеби низок праг и дали можеби ќе ги дестимулира младите луѓе кои стигнале до таа плата. Ценам дека треба да водиме грижа за младите високообразовани кадри и да ги стимулираме да останат во земјава. Треба да се грижиме и за професионалната класа и да не ја оптоваруваме, како и да ја зајакнеме средната класа“, истакна Анѓушев, додавајќи дека луѓето што земаат повисоки примања треба да бидат повеќе оданочени, во насока на социјална правда во државата.