/Прочитано:

2.278

Се воведуваат еколошки налепници за возилата и посебни таблици за такси-возилата

Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила. Со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата.

„Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по кои се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, правните лица и физичките лица, на кои со овој закон им е доверено да вршат јавни овластувања“, образложуваат од Министерството за економија.

Потребата од воведување еколошки налепници кон крајот на минатата година ја истакна и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој предложи возилата при регистрација да добиваат еколошки налепници во разни бои за полесно да се исклучуваат од сообраќајот кога е загадено.

М.В