/ Прочитано:

3.705

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Врховниот суд на РМ објави сентенца од граѓанската област, која се однесува на парничната постапка.

 Сентенца: Судир на надлежност на основни судови

 „Член 21 став 1 од од Законот за парничната постапката („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/05…бр.124/15) в.в со член 72 став 1 од Законот за нотаријатот

Во случај кога тужениот во приговорот против решението за издавање на нотарски платен налог, не истакнал и приговор на месна ненадлежност, а не е предвидена исклучителна месна надлежност на друг суд, судот пред кој е започната постапката останува месно надлежен суд.“

Образложение: Основниот суд Штип со решение ПЛ1-ТС-103/2017 од 16.10.2017 година, повикувајќи се на одредбата од член 63 од Законот за парничната постапка, се огласил за месно ненадлежен да постапува по тужбата на тужителот Друштво Б. АД С., против тужениот Друштво Т.Т. ДООЕЛ Ш., за долг, вредност на спорот 462.030 евра, при што определил по правосилноста на решението, предметот да се отстапи на понатамошно постапување на Основниот суд Скопје II Скопје, како стварно и месно надлежен суд…Сентенцата во целост: Надлежност на суд во случај кога во приговорот против решение за издавање на платен налог не е истакнат и приговор за месна надлежност

М.В

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи