/ Прочитано:

2.009

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

Судиите на Вишиот управен суд одржаа седница, на која во согласност со членот 72 од Судскиот деловник, донесоа и усвоија сентенци од специјализираниот судски оддел за имотно–правна област и други права, од специјализираниот судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права и од специјализираниот судски оддел за финансиски, царински, даночни и други права, се вели во Билтенот број 11 на Судот.

foto akademik

СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА

I – УЖ-1 бр.607/2016

 Претседател на совет судија Анита Данилова

„При експропријација, органот е должен да утврди дали предлагачот на експропријацијата ги доставил сите докази предвидени со член 26 од Законот за експропријација (Службен весник на република Македонија бр. 9/12) и кога постои одлука за извршување на буџет тоа претставува доказ дека се обезбедени средства за надомест за експроприраната недвижност и не треба да се бара посебна банкарска гаранција.

Од образложението: Жалбата е неоснована.

Тужениот орган со оспореното решение Предлогот за експропријација на Град Скопје бр.13-697/141 од 13.01.2016 година за реализација на јавен интерес изградба на Бул.“Трета Македонска Бригада“, го уважил и експроприрал Кп.бр.1850/6 КО Кисела Вода 2 стара состојба, односно нов Кп.бр.1850/12 КО Кисела Вода 2 во површина од 5 м2, поранешна сопственост на Петар Божинов од Скопје, согласно геодетскиот елаборат со список индикации за катастарски парцели Дел.бр.25-601/1 од 14.04.2015 година, Имотен лист бр.50760 за КО Кисела Вода 2, Понуда за надомест на износ од 2.592.867,00 денари, Процена за пазарната вредност на недвижен имот Абц-бротехер ДООЕЛ бр.632 од 04.08.2015 година, Одлука за извршување на Буџет на Град Скопје за 2016 година донесена на советот на град Скопје бр.07.9724/3 од 24.11.2015 година. Првостепениот орган вака одлучил бидејќи утврдил дека постои јавен интерес согласно член 7 став 1 алинеја 8 и член 9 став 3 од Законот за експропријација…“

Целосен текст на сентенцата

II – Уж-1.бр.100/2016

Судија Лидија Георгиевска

„Во постапката за утврдување правен статус на електронски комуникациски мрежи и средства-антенски столб и електронска опрема, кои се бесправно поставени на објекти од релевантно значење е согласноста на сопственикот на индивидуален станбен објект, на чиј покрив се поставени, а не сопственоста на земјиштето што е околу индивидуалниот станбен објект.

Од образложението

 Управниот суд со Пресуда У-3.бр.257/2014 од 20.11.2015 година ја одбил како неоснована тужбата на тужителот Друштво за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје против Решението на Република Македонија – Државна комисија за одпучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен Скопје Уп бр.0804-160 од 31.01.2014 година.

Против пресудата на Управниот суд жалба изјави тужителот поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право и на  Вишиот управен суд му предлага да ја уважи жалбата и да ја укине пресудата и предметот да го врати на повторно судење.

Одговор на жалба доставија Иван Тројачанец и Методија Тројачанец од Скопје во име на нивната почината мајка Вера Терзиева Тројачанец од Скопје, која се јавила во управната постапката како заинтересирано лице.

Вишиот управен суд, по проучување на списите на предметот и наводите во жалбата, испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член 354 став 1 од Законот за парничната постапка, најде:

Жалбата е основана…“

Целосен текст на сентенцата

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ПЕНЗИИ, ПРАВА ОД ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ И ДРУГИ ПРАВА

I – УЖ-2 бр.723/2015

Претседател на совет судија Владанка Панчуровска

„Од страна на Фондот за здравстено осигурување, одбиено е барање на тужител за надомест на трошоци за набавено безглутенско брашно 180 кг, во странство Германија, од причини што тужителот не обезбедил рецепти за пропишување на препаратот од избраниот лекар, а доставил само потврди за дефицитарност од три различни аптеки, кои трошоци тужителот ги платил со лични средства. Согласно пропишаниот Образец бр.5 од Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, потребно е кон барањето да бидат приложени и рецепти за секој набавен лек.

Управниот суд со Пресуда У-4.бр.878/2014 од 16.02.2015 година, ја одбил како неоснована тужбата на тужителот Гоце Јовановски од Охрид рилеп изјавена против решението на Министерот за здравство УП2 бр.13-5906 од 18.06.2014 година.

Против пресудата на Управниот суд жалба изјави тужителот, поради суштествени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, со предлог Вишиот управен суд жалбата да ја уважи и предметот да го врати на повторно постапување и одлучување.

Вишиот управен суд, по проучување на списите по предметот, наводите во жалбата, испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член 354 став 1 од Законот за парничната постапка, најде:

Жалбата е неоснована…“

Целосен текст на сентенцата

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА

IУЖ-3.бр.375/16

Претседател на совет судија Виолета Илиевска

„Управата за јавни приходи согласно член 51 став 1, 6 и 10 од Законот за данок на додадена вредност (Службен весник на Република Македонија бр.44/99…23/16) правилно извршила службена регистрација на данокот на додадена вредност. Со решението за службена регистрација Управата за јавни приходи Регионална дирекција Скопје се утврдува: даночниот обврзник, даночниот број, периодот на поднесување на даночната пријава, првиот даночен период, датумот за регистрацијата на данокот на додадена вредност и од кога се пресметува. Со решението за регистрација не се утврдува данок, ниту пак се дава  налог за плаќање, туку се врши само службена регистрација на данокот на додадена вредност за периодот од 01.01.2015. 

 Управниот суд со Пресуда тужбата на тужителoт  ја уважил и Решението на Министерство за финансии Управа за јавни приходи Регионална дирекција Скопје број.26-163/00524 од 17.02.2016 година го поништил.

Против пресудата на Управниот суд жалба изјави тужениот орган преку Државниот правобранител на Република Македонија за подрачје Скопје поради суштествена повреда на одредбите од постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, пресудата да се укине и предметот врати на повторно одлучување или да се преиначи на начин што тужбата на тужителот ќе биде одбиена како неоснована и оспореното решение потврдено.

Вишиот управен суд, по проучување на списите на предметот, наводите во жалбата, испитувајќи ја побиваната пресуда во смисла на член 354 став 1 од Законот за парничната постапка најде:

Жалбата е основана…“

Целосен текст на сентенцата

II– УЖ-3 бр.369/2016

судија Загорка Тноковска

Поведување на управен спор зарадиразрешување од функцијата заменик на Народен правобранител, поради исполнување на услови за старосна пензија

1. Во случајот не се работи за управен акт во смисла на Законот за управните спорови. Ова  од причина што се работи за спроведување на Одлуката на Собранието на Република Македонија за разрешување од функцијата заменик на Народниот правобранител. Според Законот за управните спорови, судот во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања) кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи како и за актите на тие органи донесени во прекршочна постапка дисциплинска постапка….

Целосен текст на сентенцата 

III – УЖ-3 бр.541/2014

 судија Мирјана Василевска

„Правилен став е да во конректниот предмет, не треба да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред Управниот суд, заради неисполнување на Договор за простапување кон Јавно приватно партнерство за реализиација на проект изградба на Мини Хидроелектрична Централа со јавниот партнер. Во конкретниот случај  тужителот со тужба бара донесување пресуда и решение за определување времена мерка со која треба да биде задолжен тужениот да изврши некое чинење од каде произлегува дека треба да се донесе утврдителна и кондемнаторна пресуда.

Жалбата на тужениот е основана

Постапувајќи по тужбата на тужителот Управниот суд донел Пресуда  и Решение за времена мерка и Дополнителна пресуда и  Дополнително решение за времена мерка , со која тужбата за неисполнување на договор  ја уважил,  како и барањето за донесување времена мерка го уважил и го задолжил тужениот да го отвори главниот вентил кој го регулира зафаќањето на вода од акумулацијата и да ги исполнува обврските од член 10 точка 10.5 и член 24 од Договор за пристапување кон Јавно приватно партнерство за реализација на проект изградба на Мини Хидроелектрична централа со јавниот партнер сега тужениот…“

Целосен текст на сентенцата 

M.В